Манчестер сити вечерва на домашен терен го совлада Вест Хем во натпреварот од 20. коло на Премиер лигата со 4:1. Двоен стрелец беше Ерлинг Халанд.
Норвежанецот кој погоди во 42. и 55. минута за прв пат од септември постигна два гола во Премиер лигата.
Фил Фоден постигна уште еден гол во 58. минута. Владимир Цуфал погоди во сопствениот гол во 10. минута.
Стрелец на единствениот гол на лондончани беше Никлас Фулкруг.
Манчестер Сити (34 бода) ја освои третата победа во последните 15 натпревари во сите натпреварувања и е шести во премиерлигашкиот поредок.