Кој е првиот македонски параолимпиец на Зимска параолимпијада?

Зоран Јовановски ќе ја претставува Македонија на Зимските параолимписки игри Милано-Кортина 2026

Зоран Јовановски ќе биде првиот македонски спортист што ќе настапи на Зимска параолимпијада, објави Скијачката федерација на Македонија. Тој ќе ја претставува државата на Зимските параолимписки игри Милано-Кортина 2026.

Од Скијачката федерација соопштија дека станува збор за прв настап на македонски спортист на најголемата светска сцена во зимските параспортови. Според Федерацијата, учеството на Јовановски е резултат на долгогодишна работа, системска поддршка и тимски пристап.

Во соопштението се наведува дека овој настап претставува значаен момент за македонскиот спорт, особено за скијачките дисциплини, бидејќи за првпат Македонија ќе има претставник во зимските параолимписки натпревари.

Федерацијата упати благодарност до тренерите Јане Стефанов и Петар Илев за нивната професионалност и поддршка, како и до Вангел Тркаљанов, кој, како што се наведува, го донел параскијањето во земјава и организирал повеќе од 20 ски-кампови. Благодарност беше изразена и до организацискиот тим и сите поддржувачи на проектот.

Од Скијачката федерација посочуваат дека остануваат посветени на развојот на скијачките спортови и создавање еднакви можности за спортистите со попреченост, со цел обезбедување одржлив систем што ќе овозможи нови настапи на големи меѓународни натпреварувања.

Настапот на Зоран Јовановски е предвиден на Зимските параолимписки игри Милано-Кортина 2026, каде Македонија за првпат ќе има свој претставник во зимските параспортови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни