Организаторите ги повикуваат сите љубители на јазикот да предложат збор кој сметаат дека ја обележал годината. Предлозите можат да се испраќаат преку формулар во био на профилот на организаторите, заедно со кратко објаснување за значењето на зборот и пример за негова употреба.
Најдобрите зборови ќе бидат разгледани од специјално жири составено од познавачи и љубители на македонскиот јазик, а победничкиот збор ќе биде прогласен на свечен настан во јуни.
Рокот за испраќање предлози е 1 мај 2025 година.
Ова е уникатна можност за сите што го сакаат јазикот да станат дел од историјата и да придонесат кон неговото збогатување. „Ако се бориш за зборот, ти веќе си зборец!“ – порачаа организаторите.