Прв фестивал за дигитална креативност и технологии во Скопје

Фестивалот „Socialize 2025“ ќе ги собере највлијателните експерти од Македонија и од регионот во областа на социјалните медиуми, дигиталниот маркетинг и технологиите. Ќе се одржи на 24 април во х. Александад Палас


„Socialize 2025“е еднодневен фестивал чија кој цел е да ја врати возбудата за креативните, дигиталните и технолошките индустрии кај компаниите, институциите и дигиталните агенции, да ја инспирира домашната креативна индустрија да создава нови оригинални идеи, да поттикне технолошки напредок, да ги доедуцира маркетерите кои сакаат да ги усовршат најновите техники и стратегии за постигнување на подобри резултати во дигиталниот маркетинг, да ги мотивира бизнисите да продолжат со раст и развој и да овозможи вмрежување на сите учесници на забавен и креативен начин.

Во рамките на фестивалот ќе се одржи конференција на тема „Локални ѕвезди со глобални успеси“, која ќе понуди разновидна и високо квалитетна агенда. Преку инспиративни говори на истакнати маркетинг експерти и панел дискусии со влијателни професионалци од повеќе различни индустрии во Македонија, ќе се разгледуваат новите трендови и стратегии во дигиталниот маркетинг и технологиите. Во посебни сесии, ќе бидат презентирани успешни приказни на познати контент креатори, инфлуенсери, претприемачи, дигитални специјалисти и технолошки експерти, кои со своите оригинални креативни идеи и бизнис потфати станале вирални и постигнале глобален успех.


На фестивалот, особено значајно е учеството на Јасмин Алиќ, светски признат експерт за раст на LinkedIn и исклучителен копирајтер. Неговото искуство со најголемите светски брендови, како и неговото влијание на повеќе од 300.000 следбеници на LinkedIn, ќе донесе уникатни стратегии за успех, кои ќе им покажат на учесниците како оваа платформа може да го трансформира нивниот бизнис и кариера.

„Горди сме што можеме да објавиме учество на Јасмин Алиќ, еден од највлијателните експерти во дигиталниот свет, кој ќе биде дел од првото издание на фестивалот „Socialize 2025“. Јасмин е светски познат копирајтер и експерт за брендирање во Fortune 500 компании, а три години по ред е рангиран како број еден експерт за раст на LinkedIn, со над 300.000 следбеници. Неговото учество ќе донесе уникатни и вредни стратегии за успех на сите учесници.“ – велат организаторите.

На конференцијата, за прв пат ќе биде презентирана ексклузивна и сеопфатна анализа на маркетинг индустријата во Македонија, подготвена од водечката платформа за деловна интелигенција и финансиски анализи, „БизнисМрежа.мк“. Анализата ќе ги опфати клучните макроекономски показатели, сегментацијата на агенциите, економскиот придонес преку даноци и давачки, како и одржливоста на стартапите во маркетинг индустријата.

Во забавниот дел на фестивалот, ќе има организирано вмрежување во форматот на speed dating, ќе бидат организирани и работилници со инфлуенсери, дигитални експерти и креативци, наменети за сите оние кои сакаат да научат креирање на содржини директно од најдобрите и најуспешните македонски експерти.

Фестивалот ќе заврши со церемонија за доделување на награди „Socialize Awards“ за најдобрите проекти, кампањи и контент креатори во Македонија, во повеќе категории.

Почнувајќи од оваа година, сите заинтересирани компании, агенции, фриленсери и контент креатори од Македонија ќе можат да се пријават за наградите Socialize Awards, кои во периодот од 1.4.2024 година до 1.4.2025 година успешно ги реализирале своите проекти и кампањи на македонскиот пазар. Номинациите се отворени до 10 април 2025 година и се целосно бесплатни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни