Лабораториум и Македонската Квиз Асоцијација го најавуваат првиот државен квиз натпревар во историјата на Македонија, во недела на 15 септември од 11 часот до 21 часот, во просторитте на Лабораториум.
Првиот настан ќе биде за искусните сезнајковци, Првото Државно Квиз Првенство на Македонија каде ќе се настапува во две дисциплини, поединечно и во парови. Борбите ќе започнат во 12 часот и ќе траат најмалку 3 часа.
Во попладневните часови пак, ќе се врати популарниот Лаб Квиз со Димитар Банов, со нови игри, награди и изненадувања.
Ова специјално издание ја најавува новата квиз сезона во Лаб, а за победниците следат бенефити за игрите понатаму.
Овој единствен квиз настан во нашата земја ќе биде заокружен со формирање и на првата скопска квиз лига, која ќе започне на 1ви октомври во Лабораториум и ќе се одржува секој вторник.