Избран во четвртиот круг на гласање, новоименуваниот папа Лав XIV ќе ужива во сите привилегии што доаѓаат со функцијата поглавар на Католичката црква.
Неговиот стил на живот, патувањата и обезбедувањето ќе бидат финансирани од црковните фондови. Иако папите имаат месечна плата од околу 2.100 евра, нивното вкупно богатство се мери во милиони, поради имотот и симболичките вредности што им припаѓаат.
Еден од највредните предмети што папата Лав ќе го поседува е „Рибаровиот прстен“ – официјален симбол на папската власт. За секој нов папа се изработува нов прстен, додека прстенот на претходниот се уништува по неговата смрт. Според „Њузвик“, вредноста на овој накит се проценува на стотици илјади евра.
Освен прстенот, папата ќе добие и: Свечени облеки, пекторален крст (се верува дека содржи мошти на светци), папамобил – специјално возило за негово движење и луксузен апартман во Апостолската палата – традиционално папско живеалиште, иако останува да се види дали Лав ќе го користи
Папата не смее да ги продава овие вредности, ниту тоа ѝ е потребно на Црквата. Тој ги чува симболите на духовната и административна моќ.
Папата Франциск, познат по скромниот стил, го носеше рибаровиот прстен само на официјални настани, живееше во Домус Санкта Марта наместо во Апостолската палата и се откажа од папската луксузност.
Останува да се види дали папата Лав XIV ќе го следи неговиот пример или ќе внесе нов стил на водачество во Ватикан.