Прскање против комарци во Скопје од денес до петок

Градските власти информираат дека прскањето ќе се реализира од 22 до 3 часот наутро, а доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, активноста ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Градот Скопје од денеска ќе почне со терестричната дезинсекција против комарци, која ќе трае до четврток. Градските власти информираат дека прскањето ќе се реализира од 22 до 3 часот наутро, а доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, активноста ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Градот Скопје апелира пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Извор: Мета.мк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни