Прскалки на шампањ најверојатна причина за пожарот во Кран Монтана

Неколку гости кренале шишиња со прскалки во воздух, а првиот пламен може да се види во аголот

По ужасниот пожар што избувна во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана во четвртокот навечер , француската телевизија BFMTV објави две фотографии направени пред да избувне пожарот. 

Така, на првата фотографија, направена во подрумот на барот, се гледа жена со кацига на главата, веројатно келнерка, како седи на рамената на маж кој е исто така маскиран. Во раката држи две шишиња шампањ со прицврстени прскалки, од кои едното е многу блиску до таванот.

Втората фотографија, која наводно го прикажува моментот кога избувнал пожарот, изгледа уште подраматично. Неколку гости кренале шишиња со прскалки во воздух, а првиот пламен може да се види во аголот. 

За потсетување, швајцарските власти сè уште официјално не ја потврдија причината за трагедијата и одбија да коментираат за шпекулациите дека прскалки од шампањ го запалиле таванот.

Најмалку 40 лица ги загубија животите, а многу од 120-те повредени се во сериозна состојба. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни