Противпожарниот сојуз на Македонија, на сите припадници на Територијалните противпожарни единици и доброволните противпожарни дружтва, им го честита 20 Мај – Денот на македонските пожарникари.
„Пораката је упатуваме до сите пожарникари од ТППЕ-ата во РМ, сите членови на доброволните противпожарни друштва во Македонија и останатите организации и здруженија кои несебично го подржуваат и помагаат работењето на доброволните противпожарни друштва во Македонија
Ви БЛАГОДАРИМЕ за несебичниот ангажман во работата и справувањето со пожарите во урбана средина и отворен простор , како и елементарните непогоди кои беа присутни во изминатава година.Вашиот професионален однос и посветеност кон работата, ја оправдуваат Вашата мисија исполнета со многу храброст. Вие сте важен фактор во градењето на сигурноста и безбедноста на граѓаните, материјалните добра и природните богадства на нашата држава“ се наведува во честитката.