Архив на јавни собири:

Студентскиот протест пред РТС е еден од најголемите собири во историјата на Србија, имало помеѓу 53.000 и 55.000 луѓе!

default

Архивот на јавни собири објави дека на синоќешниот протест пред Радио Телевизија Србија (РТС) под наслов „Нашето право да знаеме сè“, имало меѓу 53.000 и 55.000 луѓе.

„На протестот под наслов „Нашето право да знаеме сè“, одржан пред зградата на РТС, забележан е просечен број од 3,15 луѓе на квадратен метар на повеќе од 10.000 квадратни метри (од вкупно 24.350 м2)“, наведоа од Архивот на јавни собири на социјалната мрежа Икс.

Тие оценија дека тоа бил еден од најголемите собири во историјата на Србија.

Процените на провладини медиуми, објавени синоќа, тврдеа дека било меѓу 10.000 и 15.000 луѓе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни