Демонстрантите извикуваа „Слобода за Палестина“ и имаа плакати со пораки „Стоп за геноцидот“; „Слобода за Газа“ и слики од деца од Газа, изразувајќи го нивното несогласување за политиката на Израел.
Според медиумите од островот, во крузерот имало околу 650 туристи од Израел, а со оглед на тоа што протестот беше претходно најавен, зголемени биле безбедносните мерки и присуството на полицијата.

Мали тензии имаше кога демонстрантите се обиделе да го пробијат полицискиот блок и да стигнат до пристаништето и местото каде што се закотви крузерот.
Ваков протест, против пристигнувањето на израелските туристи, минатиот вторник се одржа и на Сирос, каде што крузерот го напушти пристаништето и го продолжи крстарењето без туристите да го видат островот.