Протестот на грчкиот остров Родос против пристигнувањето на крузер со израелските туристи

Тензично и со приведени демонстранти заврши протестот на грчкиот остров Родос, организиран против пристигнувањето на крузер со туристи од Израел, јави дописничката на МИА од Атина.

Демонстрантите извикуваа „Слобода за Палестина“ и имаа плакати со пораки „Стоп за геноцидот“; „Слобода за Газа“ и слики од деца од Газа, изразувајќи го нивното несогласување за политиката на Израел.

Според медиумите од островот, во крузерот имало околу 650 туристи од Израел, а со оглед на тоа што протестот беше претходно најавен, зголемени биле безбедносните мерки и присуството на полицијата.

Мали тензии имаше кога демонстрантите се обиделе да го пробијат полицискиот блок и да стигнат до пристаништето и местото каде што се закотви крузерот.

Ваков протест, против пристигнувањето на израелските туристи, минатиот вторник се одржа и на Сирос, каде што крузерот го напушти пристаништето и го продолжи крстарењето без туристите да го видат островот. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни