„За правда, не за пари“ – Студентите во Србија со моќни пораки бараат правда за трагедијата

Заштитен шлем за работа со испишано „Немој по глава“, транспаренти со натписи „Машинци против машинерије“, „За правда, не за пари“ и „Ја правам вистинската работа“ беа дел од пораките со кои младите во Србија денес протестираа и побараа одговорност за националната трагедија.

Протестите во Србија продолжуваат со несмалено темпо, предводени од студентите на Правниот факултет и Електротехничкиот факултет, кои денеска се собраа пред Правниот факултет. Во 11:52 часот, точно кога се случи трагедијата при што падот на настрешницата предизвика смрт на повеќе лица и остави трајни последици за многу семејства.

Екипа на „Трн“ е на лице место и известува директно од протестите во Србија.

Студентите бараат итно расчистување на случајот и строги казни за сите одговорни, вклучувајќи ги и оние кои физички ги нападнаа студентите од Факултетот за драмски уметности (ФДУ) при претходните обиди за протест.

„Не смееме да дозволиме оваа трагедија да биде заборавена или да остане неказнета. Правдата мора да биде задоволена!“ – порачуваат демонстрантите.

Овие протести се сведоштво за големата солидарност и храброст на српската младина, која одлучно го крена својот глас против неправдите и во чест на жртвите од трагичниот настан.

Протестите продолжуваат и деновиве, а јавноста е повикана да ги поддржи напорите за одговорност и правда.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни