Протести во Будимпешта против владата на Виктор Орбан: Споредби со Србија на социјалните мрежи

Во Унгарија денес се одбележува државниот празник во чест на Унгарската револуција од 1848 година, а во главниот град опозицијата предводена од Петер Маѓар организираше протест против владата на премиерот Виктор Орбан.

Лидерот на опозицијата, Маѓар, во својот говор зборуваше за потребата од уривање на власта на Орбан.

“Пролетта е тука, Унгарска пролет, и ние заедно ќе ја ставиме крај на Орбановата зима”, изјави Маѓар.


Голем дел од неговиот говор беше фокусиран на ставот на Орбан за воената помош за Украина и неговото залагање за мир, обраќајќи се во еден дел дури и на руски јазик.

“Готово е, другари, или за подобро да разберете: ‘Тавариши, канјец'”, изјави Маѓар, зборувајќи за политиката на Виктор Орбан, кој се противи на продолжувањето на војната во Украина и финансирањето на воениот конфликт во Источна Европа.

Маѓар најави и иницирање на референдум за 12, односно 13 прашања, кои опфаќаат различни сфери од животот, вклучително и прашањето за поддршка на членството на Украина во Европската унија.

Кампањата за собирање поддршка, според Маѓар, ќе започне на 24 март и ќе трае најмалку до 11 април.

Освен тоа, Маѓар побара поддршка од странство во борбата против власта на Виктор Орбан, посочувајќи ја унгарската дијаспора како значаен фактор кој треба да даде свој придонес, пренесува „Nepszava“.

На унгарските канали на платформата „X“ масовно се споделуваат содржини кои ја нагласуваат паралелата меѓу протестите во Будимпешта и оние што истовремено се одржуваат во Србија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни