Search

Протести против трите концерти на Рамштајн во Берлин

Фото: ЕПА

Берлинскиот хеви метал бенд Рамштајн има закажано три концерти во својот град, но овие настапи ќе бидат проследени со протести поради обвинувањата против пејачот Тил Линдеман за сексуално вознемирување. Рамштајн очекуваат по повеќе од 60 илјади посетители на концертите во сабота, недела и вторник.

Фановите кои доаѓаат на Олимпискиот стадион во Берлин, веројатно ќе бидат пресретнати од демонстранти кои протестираат со барања за откажување на концертите.

Протестите се откако неколку жени го обвинија Линдеман за сексуално вознемирување. Тие ги опишаа сексуалните односи на забавите после шоуто и одредени ситуации, од кои некои ги сметаа за застрашувачки. Пејачот ги отфрла обвинувањата.

Неговите адвокати ги оценуваат како невистинити тврдењата на жените кои на социјалните мрежи споделија дека на концертите на Рамштајн биле дрогирани со дрога за силување или алкохол за да може Линдеман да има секс со нив.

Фото: ЕПА

Кампањата „Да нема сцена за Рамштајн“ повикува на откажување на трите концерти, но градските власти на Берлин одговорија дека иако барањето делува емоционално разумно, не постои легална можност за откажување на концертите.

„Секогаш ќе бидам на страна на жртвите, се разбира и сериозно ги сфаќам обвинувањата на жените“ вели сенаторот за култура во Берлин, Џо Чијало.

Најново

Последни колумни