Протести и блокади поради одземени возила, МВР најавува мерки

Во повеќе градови низ државата изминатите денови се одржаа протести и блокади поради мерката за одземање возила управувани без положен возачки испит, согласно членот 297 од Кривичниот законик за безобѕирно управување со моторно возило.

Граѓани протестираа во Штип, Кочани, Струмица, Прилеп, Битола и Ресен, изразувајќи незадоволство од, како што велат, одземањето на нивното основно средство за работа и егзистенција. Во Штип беа палени гуми на улица, по што интервенираше противпожарната служба, додека во Битола беше блокиран магистралниот пат кон Ресен.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на протестите немало сериозно нарушување на јавниот ред и мир и дека во координација со Јавното обвинителство се преземаат соодветни мерки за понатамошно постапување. Не беше прецизирано дали има повикани лица на информативен разговор по јавни закани поврзани со одземањето возила.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни