Протести низ Турција против насилството врз жените

Илјадници жени протестираа во Турција во саботата против бранот убиства на жени. Најновите собири се одговор на неодамнешното двојно убиство во Истанбул.
Фото: X/@lostondaisy

Толпа од илјадници луѓе во Истанбул извикуваа слогани со кои го осудуваат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговата партија АКП..

„Вие сте влада која дозволува млади девојки да се убиваат“, рече во своето обраќање една од организаторките на протестот, Гунеш Фадиме Аксахин.

На собирот се обрати и Гулизар Сезер, мајка на младата жена која беше убиена. Телото на нејзината ќерка беше пронајдено во јуни откако било фрлено во морето завиткано во тепих.

Други протести се одржаа во главниот град Анкара, како и во Измир. Слични вакви протести има секој ден изминатата недела низ државата, особено на универзитетските кампуси.

Маж уапсен под сомнение дека убил две млади жени во иста ноќ си го одзел животот минатата недела, што ги поттикна протестите.

Осомничениот и двете жени се на возраст од 19 години, изјавија властите во Истанбул. Жените биле убиени на 30 минути една од друга, додаваат тие.

Ердоган, откако првично ги обвини алкохолот и социјалните мрежи, во средата вети дека ќе го заостри правосудниот систем и ќе се бори посилно против криминалот.

Една мониторинг група вели дека оваа година имало 299 убиства на жени во земјата со 85 милиони жители, а повеќе од 160 „сомнителни“ убиства официјално се класифицирани како самоубиства или несреќи.

Во 2021 година, Турција се повлече од Конвенцијата на Советот на Европа за спречување насилство врз жените, позната како Истанбулска конвенција, која ги обврзува националните власти да го истражат и казнуваат насилството врз жените.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни