На 9 и 10 август на Смрдлива Вода во Гевгелија ќе се одржи „Протестфест“ – дводневен настан посветен на зачувувањето на природата и одбраната на реката Дошница, каде повеќе од 40 дена активисти ја бранат со блокада реката Дошница и планината Кожуф.
Во прилог интегрално ја пренесуваме дел од најавата за настанот:
Македонија не е хидроцентрали, не е бетон и згради, не е приватна фирма која секој може да ја уништува. Македонија е мајката природа, реките, езерата, планините, изворите. Македонија се свесните луѓе кои знаат што значи да се зачува недопрената природа.
На 9-ти и 10-ти август (сабота и недела), на Смрдлива Вода (Гевгелија), гласно го креваме својот глас против изградбата на две мали хидроцентрали на реката Дошница и загрозувањето на водата за пиење на Демир Капија, Гевгелија, Кавадарци, Неготино и Росоман, уништувањето на македонската автохтона пчела, животинскиот и растителен речен свет и исконската шума на Кожуф.
Ова не е само обичен протест. Ова е одбрана на честа, духот и човечноста за која нашите деца и внуци ќе ни бидат благодарни.
ПРОГРАМА 9-ТИ АВГУСТ (САБОТА):
13:00 – Прием на гости и запознавање
13:30 – DJ Барикада
15:00 – Отворен разговор: Што е Зелена Народна Стража?
15:00 – Базар
16:30 – Работилница
18:00 – Работилница
19:00 – Музика со: ДАНИ ДИМИТРОВСКА, THE MOLE PACK, МОЈРА, МЕДАРСКИ, KUNGFOOLISH
ПРОГРАМА 10-ТИ АВГУСТ (НЕДЕЛА):
10:00 – Во недела одиме на блокада!
11:00 – Читање поезија
12:00 – Отворен разговор: Зошто блокираме?
18:00 – Jam session во планинарскиот дом
20:00 – Проекција на кратки филмови
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СМЕСТУВАЊЕ И КАМПУВАЊЕ: Планинарскиот дом има капацитет за сместување на 22 луѓе, како и сместување на 30 шатори во рамките на кампот и уште 40 шатори во паркот. Сите кампери да си донесат опрема за кампување. Камперите може да резервираат место со претходна најава на нашиот Facebook или Instagram профил.
Во рамките на паркот и кампот не се продаваат пијалаци и храна, секој си носи тоа што му треба, а во близина на планинарскиот дом има два ресторани.
Настанот е организиран доброволно од волонтери, граѓани и учесници.