Протестен марш за чист воздух

Скопје мора да дише! Македонија мора да дише! – велат од независната коалиција Зелен хуман град

Следниот вторник (10 декември) во Скопје ќе се оддржи протестен марш за чист воздух, во организација на Независната коалиција Зелен хуман град.

Маршот ќе започне во 16:00 часот, пред Министерството за животна средина. Рутата понатаму е преку Собранието и завршува пред Владата.

„Протестираме бидејќи секоја година во Македонија се бележат околу 3.828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките PM2.5, кои се меѓу најштетните за здравјето. Тоа изнесува 17.7% од вкупната смртност во државата. Овие честички се поврзани со широк спектар на здравствени проблеми, како што се белодробни заболувања, срцеви удари и рак на белите дробови“, велат од Коалицијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни