Револтиранo од ненајавената сеча на шумата над селото, месното население денес во 10 часот протестираше на местото каде што се случува сечењето на шумата. Реагираат затоа што воoпшто не се известени зошто се сече шумата, ниту дали тоа се работи плански и според законите.

Во прилог го пренесуваме писмото кое загрижените граѓани го испратија до:
Македонски шуми, градоначалник на Ресен, МЗШВ, Државен инспекторат за шумарство и водостопанство, МЖС
„Почитувани,
Со голема загриженост Ве информираме за тековната сеча на шумата над селото Љубојно, која според информациите на локалното население и нашите согледувања, се врши без јасно образложение и без земање предвид на еколошките, туристичките и социјалните последици. Овој потег е неприфатлив од следниве причини:
1. Еколошка штета – Сечата ја уништува природната флора и фауна, го нарушува шумскиот екосистем и ја зголемува ерозијата на почвата.
2. Закана за локалната заедница – Жителите на Љубојно зависат од шумата за чист воздух, заштита од поплави и одржување на микроклимата.
3. Нарушување на туристичкиот потенцијал – Љубојно е познато како атрактивна туристичка дестинација, а уништувањето на шумата ќе го намали бројот на посетители и ќе ја загрози економијата на селото.
4. Можни правни и медиумски последици – Доколку не се запре оваа активност и не се обезбедат транспарентни информации за нејзината законитост и оправданост, ќе бидеме приморани да го информираме поширокото население и медиумите за овој случај.

Очекуваме од Ваша страна итна реакција – стопирање на сечата, издавање на официјално соопштение и вклучување на претставници од локалната заедница во идните одлуки поврзани со управувањето со шумскиот фонд над селото Љубојно.“