Носејќи знамиња со виножито и танцувајќи низ улиците, илјадници Унгарци ја прославија годишната парада на гордоста во Будимпешта во саботата и ветија дека ќе продолжат да протестираат поради владините анти-LGBTQ+ политики.
Премиерот Виктор Орбан, кој е на власт од 2010 година, промовира христијанско-конзервативна агенда и во 2021 година ja забрани „промоцијата на хомосексуалноста“ кај помладите од 18 години, и покрај силните критики од групите за човекови права и Европската унија.
„Многу е важно да бидиме овде… да покажеме дека постоиме и дека сме важни“, рече 30-годишната Ана Рети, која учествуваше на маршот во главниот град, додавајќи дека многу LGBTQ+ Унгарци секојдневно се соочуваат со дискриминација и непријателство.
„На пример, пред некој ден излегов на улица со додатоци од виножито и луѓето зјапаа“, рече таа.
Геј браковите не се признати во Унгарија и само хетеросексуалните парови можат легално да посвојуваат деца. Владата на Орбан го редефинира бракот како заедница меѓу еден маж и една жена во Уставот и го ограничи посвојувањето на геј парови.
Неговата влада рече дека законот од 2021 година има за цел да ги заштити децата и не ја таргетира ЛГБТК+ заедницата, но предизвика вознемиреност кај хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите Унгарци.
Минатата година, некои книжари беа казнети за продажба на книги кои прикажуваат хомосексуалност, кои не беа завиткани во пластика, како што налага законодавството.
И во ноември, директор на музеј беше отпуштен откако институцијата им дозволи на лицата помлади од 18 години да ја посетат изложбата на World Press Photo со ЛГБТК+ содржина.
Пред саботниот марш, амбасадите на Соединетите Американски Држави, Германија и 33 други земји побараа од Унгарија да ги заштити правата на ЛГБТК+ и да ги укине законите што ги дискриминираат членовите на заедницата.
Амбасадорот на САД, Дејвид Пресман, беше еден од неколкуте дипломати кои се приклучија на настанот на гордоста.
„Ова е неверојатна земја со богата историја на луѓе кои застануваат и се борат за слобода“, им рече тој на новинарите. „Луѓето овде што маршираат денес го прават тоа според најдобрите традиции на земјата“.