Протест против работата на Усје – Воздухот не е луксуз, тоа е право!

Под паролата „Воздухот не е луксуз, тоа е право!“ неколку стотонини граѓани го иразија своето незадоволство со блокада на сообраќајот како форма на притисок врз надлежните институции да преземат конкретни чекори.

Граѓанската иницијатива Стоп за Усје вечерва организира нов протест на крстосницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“, една од клучните сообраќајни артерии што води кон индустрискиот капацитет изразувајќи незадоволство од, како што велат, отсуството на реална институционална реакција и недовербата во постојниот систем на мерење на загадувањето.

Под паролата „Воздухот не е луксуз, тоа е право!“ неколку стотонини граѓани го иразија своето незадоволство со блокада на сообраќајот како форма на притисок врз надлежните институции да преземат конкретни чекори.

Протестот е продолжение на собирот одржан на 26 декември 2025 година. Активистите велат дека, и покрај претходните јавни апели, не е направен напредок во справувањето со проблемот со аерозагадувањето, поради што се одлучиле на порадикални форми на јавно дејствување.

Во фокусот на барањата е начинот на кој се врши надзорот врз работата на Цементарница Усје. Според постојната регулатива, фабриката самостојно ги врши мерењата на квалитетот на воздухот и податоците ги доставува до институциите на месечно ниво. За граѓаните, ваквиот модел на само-мониторинг претставува конфликт на интереси и причина за длабока недоверба.

Иницијативата бара поставување независни мерни станици под директна контрола на државни или независни тела, кои би овозможиле 24-часовен мониторинг во реално време. Според нив, само таков систем може да даде кредибилна слика за тоа дали се надминуваат дозволените гранични вредности и да ја елиминира можноста за манипулација со податоците.

Од друга страна, од ТИТАН Усје, која е дел од Titan Group, континуирано ги отфрлаат обвинувањата дека се главен загадувач во Скопје. Компанијата се повикува на поседување А-интегрирана еколошка дозвола и тврди дека работи во согласност со законската регулатива и европските стандарди.

Од ТИТАН Усје наведуваат дека излезните гасови од оџаците се под постојан 24-часовен независен мониторинг, дека резултатите се јавно достапни и дека регулативата што ја применуваат е идентична со онаа на Европската Унија. Истовремено, компанијата посочува дека загадувањето во Скопје е резултат на повеќе фактори, меѓу кои и сообраќајот и домашното затоплување.

Локалното население, пак, инсистира дека емисиите од фабриката се особено интензивни во ноќните часови и дека проблемот не може да се релативизира без целосно независен и транспарентен надзор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни