Денеска, по најавата на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), од 11:00 часот се очекува блокада на сите влезови кон Владата на Република Северна Македонија.
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека во периодот на протестот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај околу булеварот „Илинден“. Потегот кај булеварите „Илинден“ и „Свети Климент Охридски“ ќе биде затворен за сообраќај.
Доколку се појави потреба, сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните улици и граѓаните се советуваат да планираат дополнително време за движење низ центарот на градот.
Се препорачува, доколку е возможно, користење на алтернативни сообраќајници за да се избегнат застои и одложување на патувањето.