Демонстрантите истакнаа дека жените во земјава – но и глобално – не се чувствуваат безбедни. „Наместо да живееме во страв која ќе биде следната жртва, тука сме да порачаме: ниту една повеќе,“ беше речено на собирот.
Организаторите ги повторија барањата за измени во Кривичниот законик и за тоа дека насилството врз жени треба да се гони по службена должност. Дополнително најавија дека вакви протести ќе се одржуваат секој четврток.
Настанот заврши со повик до сите заинтересирани граѓани да споделат сопствени искуства и сведоштва за насилството врз жените.