Протест пред МВР и Парк Жена Борец „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ!“

Секој глас е важен. Дојди и кажи гласно дека женските животи не се безвредни!“

Утре, 18 септември, со почеток во 17:30 часот, Mрежа Стела, Коалиција Маргини. Медуза и Реактор, организираат протест пред МВР и блокада кај Жена Парк Борец во 18:00 часот, како заеднички крик против колективниот крах на системот кој дозволува да се случува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди.

„Ве повикуваме да кажеме јавно и гласно дека насилството врз жените и фемицидите се неприфатливи! Ве повикуваме колективно да ги обжалиме сите девојки и жени кои изминативе години беа убиени од страна на поранешни или сегашни интимни партнери, зашто институциите и заедницата ги игнорирале нивните повици за помош. Ве повикуваме да излеземе на улица – онаму каде што насилниците слободно чекорат и просперираат, додека жените се плашат за своите животи!

Ве повикуваме да дадеме поддршка на жртвите на насилство и заедно да кажеме „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ!“

Фемицидите на кои им претходи сериозно партнерско или семејно насилство растат низ годините, а последниот случај е уште еден доказ за цената што ја плаќаат жените и нивните блиски (а со тоа и целото општество) кога полицијата, обвинителството, судовите и центрите за социјална работа нема да постапат соодветно на протоколите за заштита и законите. Убиството на Росица, и на сите жени брутално убиени од свои сегашни или поранешни партнери, можеше и мораше да биде спречено, а тие да бидат заштитени.

Секој глас е важен. Дојди и кажи гласно дека женските животи не се безвредни!“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни