Студентите од Земјоделскиот факултет во Нови Сад денес пред Обвинителството

На социјалните мрежи, од нивната официјална страница, беше објавено дека симболично започнува „длабоко орање“, што претставува нова фаза на притисок кон надлежните органи. Студентите посочуваат дека законот во Србија се применува селективно, дека се вршат апсења без правна основа и дека против многумина се покренуваат лажни кривични пријави.

Студентите од Земјоделниот факултет во Нови Сад, кои веќе подолго време се во блокада поради, како што велат, неправилности и нееднаков третман од страна на институциите, најавија нов чекор во својата борба. Тие порачаа дека денес во 9 часот наутро ќе се соберат пред Обвинителството, каде ќе испратат јасна порака: „Ова ви е жолт картон, не ве се плашиме!“

На социјалните мрежи, од нивната официјална страница, беше објавено дека симболично започнува „длабоко орање“, што претставува нова фаза на притисок кон надлежните органи. Студентите посочуваат дека законот во Србија се применува селективно, дека се вршат апсења без правна основа и дека против многумина се отвораат лажни кривични пријави.

Од иницијативата бараат да се постапува по жалбите во рамки на роковите на законот, а ако тоа не се случи, тие најавуваат дека ќе бидат редовно пред Обвинителството.

Оваа акција доаѓа во време на зголемено незадоволство кај младите луѓе и академската заедница, кои се чувствуваат изолирано и игнорирано од страна на власта. Тие велат дека нема да отстапат додека правдата не стане достапна и еднаква за сите граѓани. Во моментов во Србија се случуваат жестоки антивоени протести на кои се приведени голем број граѓани, а истовремено и повредени.

Граѓаните кои сакаат да дадат поддршка се поканети да се приклучат денес во Нови Сад според студентите. Тие порачуваат дека ова е само почеток во нивната борба за праведно и слободно општество во Србија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни