Во Сплит денеска се одржа протест на навивачката група „Торцида“ поради апсењето на маскирани лица кои упаднаа на Деновите на српската култура во општина Блатине.
Според слободна проценка на хрватските медиуми на протестот излегле неколку илјади граѓани барајќи ослободување од притвор на деветте лица уапсени поради нападот кон српското културно друштво.
„Били цвитак“ и „Моја Далмација“, како и песни од Марко Перковиќ Томпсон се пуштале преку системот за јавно обраќање.
„Неправдата кон бранителот на Вуковар и двојните стандарди кон хрватскиот народ во нашата татковина и обидите за наметнување обрасци на големосрпскиот наратив преку медиумите и културата нè доведоа тука“, рече водителот од сцената.
„Хрватска им припаѓа на хрватскиот народ и на сите нејзини граѓани, но не и на оние што ја понижуваат“, додаде тој.
Торцида разви голем транспарент: „Со херои до гробот“.
На крајот од протестот навивачите заминале пред судот каде побарале „Да се ослободат браќата“