Во центарот на кичевската чаршија, на Националната Установа Центар за Култура (НУЦК) „Кочо Рацин“ на надворешната и предна фасада е реализиран мурал од уметницата Ивана Самандова во соработка со уметниците Александар Џинго и Методиј Исков со цитат на Брус Мау „СОРАБОТУВАЈ! Просторот меѓу луѓето што работат заедно е исполнет со конфликти, возбуди, радости и огромен творечки потенцијал!“. Идејата за овој мурал е инспирирана од Јордан Грабулоски – македонски академски вајар и уметник кој во Кичево го има изработено релјефот на меморијалната костурница.
Проектот е еден од четирите мурали кои изминативе месец и пол на неколку локации низ земјава ги изработи уметицата Иван Самандоваи и се дел на 19-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности во соработка со Факултет на работи што не се учат – ФРУ-Скопје.
Ивана во соработка со уметниците Александар Џинго и Методиј Исков и овој пат сакаше да се поттикне размислување околу потребата за соработување меѓу луѓето, особено во полето на уметничките и креативни контексти и дејности.
-Идејата за овој мурал е делумно инспирирана од Јордан Грабулоски – македонски академски вајар и уметник кој во Кичево го има изработено релјефот на меморијалната костурница. Од истиот тој релјеф, композициски се презема инспирацијата да се преобрази во еден поинаков контекст преку кој се нагласува хармонична соработка помеѓу луѓето, но и ја доловува функцијата на Домот на култура – како простор каде што се негува културата и уметноста иницирана од индивидуалци и групи. Кога заедно би создавале и негувале услови кадешто сите би се чувствувале поддржани едни меѓу други, низ заедничката соработка би се развила и здрава потреба за творештво во заедница кадешто едни со други, меѓугенерациски, си помагаме и го потхрануваме нашиот заеднички и индивидуален развој – вели Ивана.
Оддавајќи нова свежина на самиот Центар за култура, овој мурал ја носи пораката на соработувањето, на зближените луѓе и повикува на толеранција на едни меѓу други.
-Кога заедно би создавале и негувале услови каде што сите би се чувствувале поддржани едни меѓу други, низ заедничката соработка би се развила и здрава потреба за творештво во заедница кадешто едни со други, меѓугенерациски, си помагаме и го потхрануваме нашиот заеднички и индивидуален развој– вели Ивана.