Прослава во Ватикан: Илјадници верници на плоштадот „Свети Петар“ со ентузијазам го очекуваат обраќањето на новиот папа

Откако белиот чад од Систинската капела означи дека новиот папа е избран, на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан владееше возбуда.

Радост и солзи радосници можеа да се видат на лицата на верниците. во исто време, неколку илјади од нив се собраа на плоштадот за да го слушнат традиционалното прво обраќање на новиот папа „Urbi et orbi“ (До градот Рим и светот).

По објавувањето, новиот папа се појавува на балконот за да ја поздрави толпата на плоштадот „Свети Петар“, традиционално облечен во бела папска мантија со црвени литургиски одежди.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни