Со љубов за Шар Планина: ПроШарај 2025

Оваа година ПроШарај 2025 ќе биде место за викенд уживање со збогатена содржина распределена во два дена. ПроШАРАЈ 2025 ќе се одржи на 16 и 17 август 2025 година во Конак, во дворот на манастирот.

Покрај вообичаените активности, оваа година програмата се надополнува со следниве содржини:
Панел дискусија на тема „Мајка Шара“ со Tomas Performance, Илина Арсова и Перица Сарџоски, која ќе ги истражи врските помеѓу спортот, перформансите, планината и здравјето.
Изложба „Патеписи“ на Илина Арсова, која ќе ги претстави нејзините инспиративни патувања и доживувања.
Еко Шарпланински Базар, каде ќе бидат изложени ракотворби и производи од одржливо-одговорни брендови и креатори.
Халк Еко Детско Катче, посветено на најмладите посетители со едукативни и забавни активности.
Кратка тура со електрични велосипеди со Shar Outdoors, за сите љубители на природата и авантурата.Креативна работилница за реупотреба на лименки од Скопско, со фокус на рециклирање и креативност.
Работилницата “Од Конец до креација” со The Crochet Dream, каде ќе се учи за уметноста на хеклањето.
Планинарска тура до Јелак во соработка со ПСК Поларис – Куманово, за истражување на убавините на Шара.
Детска работилница и дружење со Стоби Флипс и Мачорот Флип, за љубопитните млади истражувачи
Музички сетови со Dj Mike West, Dj Rudi, Dj S.A.M., Dj Oky Doky, кои ќе се погрижат за одлична атмосфера и забава

Сите учесници на овој ПроШарај 2025се првенствено одржливо – одговорни брендови и креатори со цел промовирање на подобар и поквалитетен начин на живот. Истовремено, дел од нив творат и создаваат на тема планина, одржливост, рециклирање.

Организаторите ги очекуваат посетителите на ПроШарај 2025 за незаборавно искуство во прегратките на Шар Планина. Во прилог ја пренесуваме агендата на настанот:

АГЕНДА

16 АВГУСТ (САБОТА)

13:00 – 14:30
Халк Еко Детско Катче

15:00 – 17:00
Dj Capee & Manojlov
Креативна работилница за реупотреба на лименки од Скопско

17:00 – 20:00
Работилницата “Од Конец до креација” со The Crochet Dream

20:00 – 22:00
Панел дискусија на тема „Мајка Шара“ со Томас Перформанс, Илина Арсова и Перица Сарџоски

17 АВГУСТ (НЕДЕЛА)

08:00
Планинарска тура до Јелак со ПСК Поларис – Куманово

10:00 – 12:00
Еко акција, чистење на настанот во соработка со Скопско

11:00
Dj Mike West
Поставување на штандови од базарот

12:00
Почеток на Еко базарот

12:00- 14:00
Детска работилница и дружење со Стоби Флипс и Мачорот Флип

12:00 – 14:00
Dj Rudi

14:00 – 16:00
Dj S.A.M.

16:00 – 18:00
Dj Oky Doky

18:00
Затворање на настанот

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни