Пропадна некогаш најголемиот германски производител на кујни: 1400 работници останаа без работа

Стечајот на Neue Alno GmbH предизвика губиток на повеќе од 1400 работни места и пријавени побарувања од 1,7 милијарди евра.

Повеќе од 1400 работни места се изгубени поради стечајот на некогаш најголемиот германски производител на кујни. Веќе неколку месеци Германија ја погодува бран на стечајни постапки, а особено тешко погодена е сојузната покраина Баден-Виртемберг. Кај некогаш најголемиот германски производител на кујни – Alno AG, со седиште во Пфулендорф – стечајниот процес што започна во 2017 година не помина без проблеми. Затоа, со години се водеше истрага против поранешните членови на управата. Но, окружниот суд во Штутгарт сега ја прекина постапката, пишува магазинот Феникс.

Компанијата Alno AG, која потекнува од дрводелска работилница основана во 1927 година, во својот врв вработувала околу 2.100 работници. Во 2017 година, компанијата најпрво поднела барање за стечај со сопствена управа, но неколку месеци подоцна побарала укинување на стечајот и истата година целосно ги прекина деловните активности. Врз основа на стечајната маса и дел од вработените, била формирана нова компанија Neue Alno GmbH, која во 2021 година исто така прогласи стечај и подоцна беше ликвидирана.

По стечајот и ликвидацијата, против поранешниот директор Макс Мулер и поранешната финансиска директорка Ипек Демирташ започна истрага. Тие беа обвинети за намерно одложување на стечајот, кредитна измама и злоупотреба на доверба. Со стечајот на Neue Alno GmbH се изгубија повеќе од 1.400 работни места, а доверителите пријавија побарувања од 1,7 милијарди евра.

Во соопштението од судот е потврден прекинот на постапката против поранешните членови на управата. Сепак, не е појаснето што точно довело до таков развој на настаните. Постапката е прекината по уплата на 40.000 евра од страна на Макс Мулер и 17.500 евра од страна на Ипек Демирташ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни