Пронајдено телото на метеорологот по кој се трагаше неколку дена

Метеорогот последен пат бил виден во вторникот околу десет часот, како пешки се упатува кон врвот каде се наоѓа опсерваторијата

На Бјелашница е пронајдено телото на метеорологот по кој се трагаше неколку дена. Оваа информација е потврдена за порталот Н1 Сараево.

Н1 Сараево потсетува дека во текот на последните денови биле организирани дневни потраги за исчезнатата личност, но поради катастрофалната временска ситуација на теренот, густа магла која ја намалила видливоста и силни удари на ветерот, потрагата била отежана. Личноста која се барала беше вработена во Федералниот хидрометеоролошки завод, во Опсерваторијата на врвот Бјелашница (2067 м.н.в.) и исчезнала рано оваа недела на патот до своето работно место.

Метеорогот последен пат бил виден во вторникот околу десет часот, како пешки се упатува кон врвот каде се наоѓа опсерваторијата.

Откако не се јавил на колегата, кој го очекувал на врвот да ја прими смената, била алармирана Горската служба за спасување на КС. Екипа спасители брзо пристигнала на Бјелашница и ја започнала потрагата. Во потрагата биле вклучени членови на ГСГС ФБиХ, Федералната управа за цивилна заштита, ГСС КС, Цивилната заштита КС, работници на ЗОИ 84 и МВР КС.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни