Пронајдени дрвени кломпи стари 500 години

Холанѓаните се светски познати по дрвените кломпи, но неодамнешното ретко откритие на 500 години стари чевли во градот Алкмар покажа колку некогаш била раширена употребата на такви обувки.

„Таа е пронајдена во септичка јама во урбана средина. Ова е многу посебно, бидејќи со дрвените чевли секогаш помислувате на фармери кои користеле кломпи за време на нивната работа“, изјави археологот Силке Ланге за Ројтерс.

„Но, ова всушност беше пронајдено во урбан контекст. Тие користеле ваков тип на обувки за секојдневна употреба“, рече таа.

Дрвениот чевел бил пронајден во септичка јама откриена минатиот месец за време на изградбата на подземен контејнер за отпад во Алкмар, на околу 30 километри северозападно од Амстердам.

Септичката јама се користела како тоалет и депонирање отпад од околу 1450 до 1558 година, велат археолозите.

Кломпата, број 36, се проценува дека е направена кон крајот на 15 или почетокот на 16 век.

Тоа е првиот чевел пронајден во Холандија од дрво од бреза и еден од само 44 дрвени чевли пронајдени за време на ископувањата во Холандија и Белгија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни