Пронајдени црните кутии на урнатиот авион на ДХЛ

Литванските власти ги открија црните кутии на товарниот авион на германската логистичка компанија ДХЛ, кој се урна вчера во близина на Вилнус, јави ДПА.

„Покрај дневникот со податоците од летот, откриен е и гласовниот запис“, соопшти денеска литванското Министерство за правда.

Двата уреди беа извадени од урнатините околу пладне и сега се испитуваат.

Црните кутии може да дадат информации за се уште непознатите причини за несреќата.

Авионот, кој летал на линија од Лајпциг до Вилнус, се урнал во близина на главниот град на Литванија, на неколку метри од станбена зграда. Едно лице загина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни