Она што го прави овој наод единствен е тоа што кај фосилот е зачувана кожа, што овозможува нови сознанија за анатомијата и начинот на движење на животното, пренесува порталот swissinfo.ch.
Според палеонтолозите, телото на ова суштество било долго околу 60 сантиметри, со силно развиени предни екстремитети и мускулатура во пределот на градниот кош, што укажува дека неговиот стил на пливање бил сличен на денешните морски лавови. Дополнително, на неколку делови од фосилот се забележани и добро сочувани крлушки.
Interesting marine reptile from the dinosaur period found in Ticino (Switzerland) by researcherd and in collaboration with the museo dei fossili del Monte San Giorgiohttps://t.co/3VsRUeqz4A
— Urs Karrer, Ph.D. (@urs_karrer) September 2, 2025
Фосилот бил пронајден во 2023 година долж потокот Гаџоло, во близина на Мерида, на локалитет кој е дел од листата на УНЕСКО – Монте Сан Џорџо, познат по богатството на морски фосили.
Научниците потврдија дека лариосаурусот живеел во првиот период на мезозоикот, во средниот тријас, пред околу 240 милиони години.
Извор: N1info.rs