Пронајдена првата фараонска гробница во последните сто години

Египетски официјални лица објавија дека ја откија гробницата на фараонот Тутмес II од 18 тата династија на владетлите. Тоа е првата фараонска гробница откриена по Тутанкамоновата, која беше ископана 1922 година.

Со заеднички напори на египетските и британските археолози, гробницата на Тутмес II беше пронајдена во областа Тева, западно од Луксор во познатата Долина на кралевите. Тимот на Египетското министерство за туризам и антиквитети, кој го објави значајното откритие, ја пронајде главната структура на гробницата и премин до неа во 2022 година, а од тогаш ископувањата продолжија со меѓународни експерти.

Д-р Мохамед Исмаил Калед, генерален секретар на Високото Цобрание за антиквитети во Египет, вели дека првично сметале дека гробницата припаѓа на некоја од кралиците, бидејќи во близина се наоѓаат и гробови на жени од кралот Тутмес III.

Меѓутоа, како што работите напредуваа, пронајдени се нови докази кои укажуваат дека сопственикот на гробницата бил кралот Тутмес II, а дека ја погребала кралицата Хатшепсут, неговата сопруга и полусестра.

Калед вели дека садовите од алабастер пронајдени во гробницата имале натписи со името на Тутмес и јасно укажувале дека тоа е “преминатиот крал”, кој се наоѓа тука, пренесува CBC News.

Тој го опишал откритие како едно од најважните археолошки откритија во последните години. Артефактите се важен додаток на се поголемиот број докази во ова историско подрачје и за владеењето на Тутмес II.

Неговата мумија беше пронајдена уште во 19 тиот век, и тоа недалеку на археолошкото место познато како DB320, близу Деир ел-Бахрија, каде што била сместена веројатно со векови, откако грабители влегле во неговата гробница.

Мумијата сега е изложена, заедно со другите владаре, во новоотворениот Музеј на египетска цивилизација.

Гробницата е во лоша состојба, бидејќи била изложена на поплави, но сепак биле пронајдени ѕидни слики кои прикажуваат и делови од книгата „Имдуат“ со која биле погребувани египетските великани, за да имаат водич за преминување низ загробниот живот.

Истражувањето ќе продолжи, а археолозите ќе се обидат да дознаат каде биле преместени останатите предмети со кои Тутмес II бил погребан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни