Промовирана книгата „Тантелина – Македонски народни приказни од кривопаланечкиот крај“ од Мира Георгиевска

Промовирана книгата „Тантелина – Македонски народни приказни од кривопаланечкиот крај“ од Мира Георгиевска

Народната мудрост, топлината на говорот и духот на кривопаланечкиот крај, оживени во страниците на новата книга „Тантелина“, од авторката Мора Ѓоргиевска, вечерва беа претставени пред јавноста на промоцијата што се одржа во фоајето на Националната установа Центар за култура Крива Паланка, како дел одиздавачката дејност на установата во рамки на годишната програма за работа за 2025 година, поддржана од Министерството за култура и туризам.

Промотори беа историчарот Мартин Додевски и поетесата Оливера Станковска,а наратор, актерот и режисер Владо Денчов.

„Секоја приказна во книгата завршува убаво, со позитивен крај, а едно такво литературно богатство нема многу во македонската литература. Во порачувам да го сочувате кривопаланечкиот дијалект, да се испечати книгата и на дијалект, зашто таму се чува јазикот и таму никој не може да го допре“, рече Денчов.

Поетесата Емилија Колевска, модератор на настанот, рече дека тринижното столче, убавите емоции, приказни од минатото врамени во “Тантелина” се сведоштво за многу времиња наназад,а преку книгата можат одново да се доживеат.

„Приказната Тантелина носи многу емоции, многу љубов за животот,сочувани и содржани во приказните за столбот на животот -семејството“, рече Колевска.

Според промоторката, Оливера Станковска, приказните се силен крик и порив на љубовта на авторката, потсетувајќи нѐ дека нема ништо по важно од зачувување на сопствените корени.

„Тоа е врвен духовен подарок за сите нас. Приказните се белег на нешто почувствувано и доживеано, се авторката во минатото со нив не само што се забавувала,туку и се воспитувала преку пораките што ги носат. Така,таа ги бруси како бисери и ги подарува на македонски литературен јазик,записите од усно пренесени приказни и преданија, дар од народот со богата култура и традиција од кривопаланечко“.

Приказните содржат ликови на животни,но и на чудесно ликови: вампири, ламји, аждаи…кои отсликуваат негативни човечки особини, а на крајот преовладува доброто, победуваат надежта, верата и љубовта.

Книгата е порака да ги зачуваме вредностите што нѐ одликуваат како луѓе, искрено, како што умее детето, рече Станковска.

Авторката Георгиевска се заблагодари на сите што ја поддржале работата на книгата и издавањето, а најмногу на нејзината мајка, нарекувајќи ја “кралица”, жената која била устен извор на сите овие приказни,сега обликувани како трајна вредност и книжевно сведоштво за богатата културна и етнолошка ризница на кривопаланечко.

Според Мартин Додевски, рецензент, книгата се чита во еден здив,а приказните никого не оставаат рамнодушен. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни