Во велешката библиотека денеска беше промовиран романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“, на Фросина Пармаковска, добитничка на „Рациновото признание“ за 2024.
Романот беше промовиран пред голем број љубители на книгата, а за него зборуваше промоторот проф д-р Снежана Петрова Џамбазова од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ од Скопје.
Според неа, ова е роман за денешнината, за реалноста која е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите недостатоци, предизвици и последици од стапиците што ни ги носи современото живеење.
Годинешното, 61. издание на Рациновите средби во Велес се одржуваше под слоганот „Рацин – македонска меморија“.
Во конкуренција на 25 пријавени дела токму со ова дело Пармаковска го доби високото „Рациновото признание“ за 2024 година.