Во салата „Васко Попа“ на Белградскиот саем на книгата вчера се одржи промоција на српското издание на романот „Вештица“ на Венко Андоновски. Издавач за Србија е „Кораци“ од Крагуевац, а преводот е на Љиља Цревар.
За книгата говореа д-р Владимир Периќ, уредник во „Кораци“, Андоновски и преведувачката Цревар.
По одличниот успех на бугарското издание на романот, „Вештица“ доживува веќе трето издание на српски јазик. Првите две беа објавени во Бања Лука, во превод на Гордана Јовиќ-Стојковска, а ова е прво издание на територијата на Србија