Промоција на „Тажачки песни од скопскиот земјотрес“

Неделава се одржа промоција на монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов, во издание на Институтот за македонска литература (2023). Ова дело ќе остане  во спомен на македонскиот етномузиколог, композитор и мелограф на македонски народни песни Васил Хаџиманов (1906-1969) и во спомен на жртвите на скопскиот земјотрес. Промотор на книгата беше проф. Илина Јакимовска, а свој музички настап имаше Васил Хаџиманов со пропратен бенд.

Во содржината на монографијата се објавени тажачки песни од скопскиот земјотрес со транскрипција на ракописните материјали и на дел од аудиоматеријалите снимени од Васил Хаџиманов во 1963 година.

Пред крајот на годината во која се одбележуваат 60 години од катастрофалниот скопски земјотрес ова дело излегува како потврда на целиот тој колективен траор кој се случил пред 6 децении.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни