Промоција на романите-финалисти за наградата „Пегаз“ во 2022 година

Во книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи тројна промоција на романите-финалисти за наградата „Пегаз“ во 2022 година. Ќе бидат промовирани: „Писма од лудница“ од Срѓан Ивановиќ, „Мртва коска“ од Димче Парталоски и „Есента во животот на професорот по марксизам“ од Моџо Килингтон. Низ разговор со авторите, книгите ќе ги промовираат уредничките на изданијата од издавачката куќа „Арс Ламина“, Бисера Бендевска, Оливера Ќорвезироска и Татјана Димовска-Атанасова.

За наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2022 година се натпреваруваа 38 ракописи. Наградата „Пегаз“ му беше доделена на ракописот „Зелениот дворец“ од Сибо, а во потесниот избор беа разгледани романите „Писма од лудница“, „Мртва коска“ и „Есента во животот на професорот по марксизам“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни