Нумерата “Апсолутно Релативно” и спотот се направени во соработка со групата „Пука Козметика“. Музиката и аранжманот се на Горан Пајак Трифуновски, а текстот на Александра Павлова-Бубања и Дарко и Жарко Масларковски.
Видео материјалите и спотот се на „Октомври филм“, а пост-продукцијата на Димитар Сеизов од „Мунлајт Продукција“.
Милениците на младата публиката „Пука Козметика“ и актерката Александра Павлова – Бубања ве покануваат да дојдете на промоцијата и заедно да ја „размрдаме реалноста“.