Промоција на новиот број на фанизинот „На пример“ во „Ла кања“

Застапени се цртежи од 60 автори на тема „Животот е тежок, ама ќе помине“. Промоцијата всушност ќе трае два дена

Во „Ла кања“ во Старата скопска чаршија вечерва во 21 часот ќе се одржи промоција на новиот број на фанизинот „На пример“.

Застапени се цртежи од 60 автори на тема „Животот е тежок, ама ќе помине“. Промоцијата всушност ќе трае два дена.

– Ќе ја правиме големата. Музика, тупани и печатење во живо, да не речете не сте знаеле, сте немале време, сте биле уморни или безволни. Ќе ви помине – велат од „Партизанска штампа“.

Во фанзинот застапени се дела од Атанас Ботев, Ања Дамјановски, Билјана Мишиќ, Никола Темков, Милош Томиќ, Сандра Никчевска, Драгана Дубљевиќ, Горан Дачев, Бранкица Јордановска, Марија Васиљев, Уна Николовска, Владимир Лукаш, Наташа Неделкова и други.

Вечерва ќе настапат „Еритра“ и „Калико“, а утревечер „Антез“. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни