Романот „Во потрага по Мери Шели” на Фиона Самсон, во издание на „Перун Артис“ од Битола, ќе биде промовирана во МКЦ на 26 септември.
Во оваа прониклива нарација, Фиона Сампсон ја следи Мери Шели низ нејзиниот бурен живот, исто како што Виктор Франкенштајн го гонел своeто
чудовиште низ арктичките простори. Сампсон напишала книга која конечно одговара на прашањето како една деветнаесетгодишна девојка успеала да напише роман толку темен, мистериозен, болен и психолошки прониклив,
што продолжува да одекнува и по два века. Ниту еден претходен биограф никогаш навистина не го разгледал ова прашање, а камоли да го одговорил.
Фиона Сампсон е поетеса која двапати била номинирана за наградата Т.С. Елиот и занаградата Форвард. Таа ја има добиено наградата Чалмондели, наградата Њудигејт и Наградата за писатели од уметничките совети на Англија и Велс. Исто така, таа е член на Кралското друштво за литература, член на Кралското друштво за уметности и член на доверителите на фондацијата Вордсворт.