Книгата „Конески е бесмртен“ го истражува влијанието на неговото дело и неговиот нераскинлив придонес кон македонскиот јазик и култура, а промоцијата претставува дополнителен чин на почит кон неговиот лик и дело.
По промоцијата, ќе следи доделувањето на наградата „Зборот на Конески“, која се доделува на лица или институции кои значајно придонеле за зачувување и промоција на македонскиот јазик, култура и наследство.