Промоција на книгата „Боите на мојата музика“ во Охрид

Во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид вечерва, во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Боите на мојата музика“ од Снежана Анастасова-Чадиковска и Марко Коловски. Книгата, издание на „Музички издавачки центар“, е приказна за животниот и творечкиот пат на Анастасова-Чадиковска, истакната пијанистка, пијано педагог, музички публицист, аниматор и организатор.

Книгата започнува од раното детство на Снежана и првите среќавања со музиката, опишувајќи настани кои ја одбележуваат нејзината кариера, но и нејзиниот личен живот, се до добивањето на некои од највисоките национални признанија за културни, музички и педагошки достигнувања. Ова низа од лични спомени и децениски случувања, поткрепена со бројни фотографии, а опишани од аголот на уметникот и музиколог, Марко Коловски, ја збогатуваат националната музичко-културна архива, носејќи значење за македонската музичка и културна сцена, воопшто. 

Промотори на книгата се Илинденка Петрушева, филмолог, филмски критичар, историчар на филмот, есеист и Александар Трајковски, музички теоретичар, истражувач, педагог и публицист.

Модератор на промоцијата е Милчо Јованоски, директор на библиотекате „Григор Прличев“ во Охрид, новинар и публицист, а водителка на настанот е Наташа Попоска-Карче, сликар, уметник, стоматолог.

По промоцијата следи Концерт на камерниот оркестар на  Музичката Младина на Македонија (МММ)  ,,Сашa Николовски – Ѓумар” со почеток во 21.00 часот во црквата Св. Софија

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни