Промоција и читачки кружок на „Суспендирана итност“, првата збирка есеи од Ивана Хаџиевска

Промоцијата на книгата ќе се одржи на 13 јуни, во 19:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“.

Неделава ќе се одржат промоцијата и читачкиот кружок на првата збирка теориски есеи од Ивана Хаџиевска, „Суспендирана итност. Есеи од крајот на времето“, со која воедно се отвора едицијата „Современа теорија“ во издавачката куќа „Илика“!

Промоцијата на книгата ќе се одржи на 13 јуни, во 19:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“. Разговорот со авторката ќе го модерира преведувачката и истражувачка Андријана Папиќ Манчева, а низ него ќе допрат до клучните теми кои ја сочинуваат богатата содржина на оваа збирка есеи.

Додека средбата на читачкиот кружок е закажана за 14 јуни, во 19:00 часот, во социјалниот центар „Дуња“. Низ отворен разговор со авторката, на средбата присутните ќе имаат можност подробно да поразговараат за есеите, да споделат импресии од прочитаното и заеднички да ги толкуваат во поширок контекст.


„Суспендирана итност“ е збирка есеи кои Ивана Хаџиевска ги пишувала и ги објавила во периодот од 2014 до 2024 година. Тие се пишувани низ призмата на историјата, социологијата, филмот и родовата димензија. Авторката ги разгледува симптомите на руптурните кризи кои го потресувале светот од 20 до 21 век. Во својата рецензија за збирката, Здравко Савески пишува: „Хаџиевска посочува на очајното ниво на македонската и балканската историографија и политика на сеќавање, при што, наместо повеќе да се работи на разбирањето на националните митови, се наметнуваат поими за „историска вистина“. (…) Хаџиевска ја има таа интелектуална храброст, толку малку почитувана, а толку многу важна.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни