Промоцијата на наградениот филм „Малдорор“ во Кинотека 

Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на авторски филм во Белград

Со три проекции (7, 8 и 9 април), во Кинотека, се одржа промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц.

Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на авторски филм во Белград и благодарение на оваа награда,  од 19 март до 9 април се прикажа во градовите низ регионот на поранешна Југославија, во Белград, Сараево, Херцег Нови, Љубљана, Загреб, Битола (Кино Манаки 19 и 21 март и Центар за култура 25 и 26 март), Охрид (ФИОФА 27 и 28 март) и Скопје (Кинотека 7, 8 и 9 април) и Синеплекс (19 и 20 март и 3 и 4 април).

„Малдорор“ е трилер инспириран од вистински настани од Белгија во средината на деведесеттите години. Приказната започнува кога две девојчиња исчезнуваат, а младиот и импулсивен полициски регрут Пол Шартие е распореден во тајна единица наречена „Малдорор“, формирана за да следи опасен сексуален престапник. Кога операцијата не успева, разочаран од ограничувањата на правниот систем, Шартие се впушта во соло потрага решен да ги пронајде и изведе сторителите пред лицето на правда.

Филмот претставува силен и реалистичен приказ на борбата против длабоко вкоренетото зло, но и на општеството кое потфрла пред најранливите.

Според порталот Cineuropa, „Малдорор“ е амбициозна и повеќеслојна филмска фреска за Белгија во деведесеттите години – за нејзините институционални дисфункции и колективни трауми, но и за разгранетата природа на злото. Во овој филм, ди Велц се свртува кон полицискиот жанр, носејќи ја публиката во срцето на сицилијанската заедница во Шарлроа во средината на деведесеттите години, во приказна инспирирана од случајот на Марк Дитру.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни