Промоцијата на монографијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“

Монографијата нуди богата и внимателно селектирана збирка од највпечатливите и најистакнатите плакати создадени во периодот од 1952 до 2022 година,

На 27 февруари 2026 година во Кинотека на Македонија се одржа промоцијата на монографијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“.

На настанот се обратија директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски, како и промоторите на изданието, Јане Алтипармаков и Саша Станишиќ, кои ја истакнаа важноста на филмскиот плакат како неразделен дел од националната кинематографија и визуелната култура.

Промоцијата претставуваше значаен културен момент во одбележувањето на седум децении од развојот и историјата на филмскиот плакат во Македонија.

Монографијата нуди богата и внимателно селектирана збирка од највпечатливите и најистакнатите плакати создадени во периодот од 1952 до 2022 година, претставувајќи своевидна визуелна хроника на македонската филмска уметност, графички дизајн и естетски тенденции низ времето.

Изданието не само што ја документира еволуцијата на филмскиот плакат, туку и сведочи за креативната енергија и авторскиот печат на генерации уметници кои преку визуелниот јазик го обликувале идентитетот на македонскиот филм.Изданието може да се купи во Кинотека на Македонија.

Извор и фото: Кинотека.мк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни