Промоција на винилот “After Тhe Wildfire” и концерт на Гордан Спасовски

Во пресрет на 44. Скопски џез фестивал, публиката ќе има можност да присуствува на два значајни настани: промоција на винил изданието „After The Wildfire“ и концерт на македонскиот пијанист Гордан Спасовски.

„After The Wildfire“ е музичко дело на Јан Бенг и Арве Хенриксен, специјално нарачано за отворањето на 42. издание на Скопскиот џез фестивал во 2023 година. Композицијата беше изведена од оркестарот на Институтот Фејмс, со учество на македонски солисти, под диригентска палка на Џијан Емин. Делото се одликува со музика што лесно се движи низ жанрови, со изразена иновација и креативност – амбиентална, фолклорна и симфониска. Снимениот материјал беше доработен во Норвешка, а сега се објавува како издание на Jazzland/Punkt Editions.

По промоцијата ќе следи концерт на Гордан Спасовски, добитник на наградата за Најдобар македонски џез музичар за изминатата година, која традиционално ја доделува Скопскиот џез фестивал. Спасовски е активен како пијанист, композитор и аранжер, и е член на Националниот џез оркестар. На концертот во Аудиокултура ќе настапи со своето трио, заедно со Виктор Филиповски на тапани и Кирил Туфекчиевски на бас.

Поради ограничениот капацитет на локацијата, потребна е резервација преку СМС порака на бројот 075 414 565.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни